Со засилена будност на полициските служби во повеќе градови, поради страв од повторување на нападите од маратонот во Бостон, британските власти се залагаат за преглед на сигуроносните мерки за лондонскиот маратон во недела – следната голема меѓународна трка – за која полицијата и војската се подготвени за распоредување помеѓу два големи јавни настани, погребот на Маргарет Тачер во среда и маратонот во недела.
Лондонскиот маратон е еден од најголемите и обично привлекува стотина илјади гледачи. Започнува во југоисточниот дел на Лондон и завршува на трговскиот центар во близина на Бакингемската палата, минувајќи локации кои го вклучуваат домот на Парламентот.
Хју Робертсон, министерот за спорт, рече дека маратонот дефинитивно треба да се одржи и тој е „апсолутно убеден“ дека ќе биде соодветно безбеден.
“Ние сме апсолутно убедени дека можеме да го одржиме настанот безбеден и сигурен. Мислам дека ова е еден од оние инциденти каде најдобар начин да се покаже солидарност со Бостон е да продолжи и да испрати јасна порака до оние кои се одговорни за нападите.”
Француските власти исто така, наредија зајакнување на безбедносните сили на јавни места “без одложување”, апелирајќи до граѓаните да бидат претпазливи на пакети кои изгледаат сомнително или напуштени багажи, но да се избегнат панични реакции.