Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Ако застанеме Албанија за нас ќе биде тоа што денска е Хрватска

0
By Борјан Јовановски on July 28, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скрининг процесот во пристапните преговори е пред крај. Во септермври се очекува Европската комисија да ги објави извештаите од овој скрининг процес во кои детално се забележуваат сите детали кои ќе бидат предмет на преговарачкиот процес.Извештајот на ЕК за Алвбанија и Македонија потоа ќе биде доставен до Совето на министрите каде што секоја земја членка ќе го даде своето мислење. Во меѓувреме Македонија во текот на есента треба да го усвои Акцискиот пплан за малцински права и антидискриминација кои преизлегува како обврска од преговварачката рамка. Заедно со овој Акциски план Македонија есенва ќе ги изготви и патоказите во областа на владеењето на правото, демокрстките процеси и јавната админстрација. Патокзаите ќе ги содржат сите мерки кои државата ќе ги направи до 2030 годиина во овие три области а со цел да биде во целост подготвена да и се придружи на ЕУ како полноправна членка во 2030 година. Патоказите треба детално да ги содржат плановите за импеметација на сите механизми неопходни да се исполнат европските стандарди во областа на владеењее на правото, функционирањето на демократските институции, граѓанската партиципација во процесите и создавање на јавна администрација во функција на граѓаните.

Трите патокази кои ќе се подготват во текот на есента ќе бидат ставени на јавната расправа и консултации со граѓанскиот сектор, стопанските комори и медиумите.

Акцискиот план за малцински права кои треба да ги задоволи барањата на Бугарија вклучени во преговарачката рамка не би требало да биде кочница во процесот.
„Досегашната комуникација со бугарската влада не укажува дека има какво било наметнување на нешто повеќе од она што го има во преговарачката рамка. Доколку успееме да ги завршиме нашите обврски, мислам дека нема Бугарија да има кредибилитет да вади било какви барања или причини. Ако има такво нешто, земјите–членки ќе извршат притисок да се тргне тоа од масата, а мислам дека и кај новата бугарска влада има голема волја да продолжиме понатаму „ вели Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски интеграции

Се разбира главниот услов за преминување во втората фаза на преговарачкиот процес се уставните измени.

„Се разбира дека сум оптимист. Мислам дека ќе се усвојат уставните измени и работиме на тоа“, рече денеска Маричиќ, наспроти општиот впечаток дека процесот се развлекува и трокира.

„Немаме намера да застанеме со уставните измени. Има доволно време да се премисли опозицијата. Не се сите свесни што значи да се блокира процесот. Страшно ќе биде ако испуштиме уште една прилика што ќе не чини десет години, како во 2008-та. Следната година ќе има избори во Европскиот парламент и не се знае кој ќе дојде на функциите, па затоа целта е пакетот за проширувањето да се направи сега. Проблемите нема да исчезнат ако ги одложуваме, а последиците ќе бидат големи за државата ако застане процесот. Практично, за нас Албанија ќе стане тоа што е Хрватска денес. Зошто да дозволиме целиот регион да оди напред, а ние ќе останеме со државите што имаат системски слабости?“, вели Бојан Маричиќ.

БЈ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.