Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Да дадеме динамика на евроинтегративниот процес и да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста на регионот, но и на Европа

0
By Ivana on March 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес присуствуваше на брифингот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во организација на Делегацијата на ЕУ, каде ги претстави постигнатите резултати во евроинтегративниот процес и планираните активности во периодот кој претстои.

„Отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е важно и мојата главна порака денес до сите вас би била – да не го изгубиме овој моментум, да дадеме динамика на евроинтегративниот процес и да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста на регионот, но и на Европа “, посочи вицепремиерот Маричиќ во обраќањето пред амбасадорите.

Маричиќ истакна дека Владата активно работи на европската агенда и зацртаните приоритети, а паралелно се водат и преговорите со Бугарија во пријателска атмосфера за доаѓање до заедничко и заемно прифатливо решение, изразувајќи уверување дека плодовите од сегашната работа ќе дојдат во месеците кои се пред нас. Во овој контекст вицепремиерот Маричиќ рече дека е крајно време сите да ги здружиме напорите и да се одржи поскоро меѓувладината седница за земјава да го започнеме патувањето кон полноправно членство во ЕУ.

Во обраќањето тој ги запозна амбасадорите и со активностите кои ќе ги реализира Секретаријатот за европски прашања во насока на спроведување на европските реформи, како и планирањата и програмирањето на развојната помош што ја обезбедува Европската Унија преку ИПА, како клучна во ефикасното спроведување на реформите. Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир ја потврди досегашната соработка и рече дека ќе продолжи поддршката на Унијата во реализирањето на реформите и евроинтегративниот процес на нашата земја.

На крајот, вицепремиерот Маричиќ пред амбасадорите ја истакна важноста од интегрирањето на земјите од Западен Балкан во европското семејство, за напредокот и за стабилноста не само на регионот, туку и на целиот европски континент.

„Она што го гледаме деновиве, со руската агресија врз Украина јасно покажа колку е важно да се заврши обединувањето на континентот, да се направи посилен и поотпорен на какви било сегашни или идни закани. Ова беше позицијата што ја промовиравме во последните неколку децении. Северна Македонија заслужува отворање на пристапните преговори со ЕУ и покрај сè што се случува околу нас, ние сè уште имаме позитивна енергија и оптимизам за иднината на земјата како дел од ЕУ “ рече вицепремиерот Маричиќ.​

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.