Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5.
Тој додаде дека денес сме во сосема различна ситуација, дека постојат забелешки за дел од спроведување на законите, но дека скрининг процесот ќе помогне да се зајакнат институциите и да ги согледаат и решат сите слабости.
„Мислам дека генерално треба да сме задоволни од овој извештај, но не задоволни во смисла да се опуштаме и да сметаме дека нема што повеќе да направиме, туку како мотивација да направиме уште повеќе“, рече Маричиќ. Вицепремиерот истакна дека овој извештај и почнатиот скриниг процес се добра шанса опозицијата да се вклучи во реформските процеси и да се изгради консензус за прашањата поврзани со европската интеграција на земјава.