Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ и Нуредини во Стокхолм

0
By Mirjana on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денес е во официјална посета на Кралството Шведска каде ќе ја предводи македонската делегација на глобалниот состанок за животна средина „Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, на која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе земат учество.

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Во рамки на посетата на Стокхолм вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден, а ќе се сретне и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавачот со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми и генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.

Планирани се средби и со генералната секретарка на Олаф Палме, Ана Сундсторм и неговиот партиски хомолог, меѓународниот секретар на шведските социјалдемократи, Јохан Хасел.

„Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“ ќе се одржи пет децении по Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина во 1972 година. Настанот ќе им даде можност на лидерите да се осврнат на 50-годишната мултилатерална еколошка акција за да се постигне храбра и итна акција потребна за да се обезбеди подобра иднина на здрава планета.

Во мај 2021 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за здружување на глобалната еколошка заедница во Стокхолм, Шведска на голем меѓународен состанок за животната средина на 2 и 3 јуни 2022 година, во неделата посветена на Светскиот ден на животната средина.

Маричиќ во Стокхолм на состанок за климата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.