НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Имаме добра стартна позиција за преговорите со ЕУ да траат пократко од оние на Србија и на Црна Гора

0
By Sashko on September 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија стои еднакво добро, а во некои делови и подобро од државите кои преговараат со Европската Унија (ЕУ), што ќе ни помогне да имаме помалку или помалку тешки бенч маркови кога ќе заврши скринингот и дека тоа би требало да ни биде шанса или добра стартна позиција за преговорите да траат пократко од тие на Србија и Црна Гора сега, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Преговорите се официјално почнати на 19 јули, скринингот е една задолжителна фаза на преговорите, тоа не е нешто ново, смислено само за нас, туку постоело за Србија, и за Црна Гора, и за Хрватска и за сите други држави. Ние не почнавме од нула, овие два месеци, септември и октомври, ни се презентира оној дел од регулативата и стандардите што се донесени нови од 2019 наваму. Она што е донесено по ковид-кризата, а има верувајте многу нови регулативи заради ковидот и прилагодување на денешните услови. Така што ни е признато тоа што сме го слушале 2018 и 2019 година, а сега продолжуваме во скратена верзија на објаснувачкиот скрининг и веднаш почнуваме со билатералниот од ноември месец и тоа е еден вид на забрзување“, рече Маричиќ во денешното гостување на тв 24 во „Студио10“.

Маричиќ, кој е воедно и главен преговарач со Унијата, објасни дека од ноември натаму започнува оној посериозен дел кој има повеќе тежина за нас, а тоа е билатералниот скрининг, каде што таа структура којашто сега им се презентира на македонските тимови ќе треба ние да презентираме по наше видување колку сме усогласени и каде уште ни треба усогласување и за колку време сме подготвени да се усогласиме за да станеме членка на ЕУ.

„Очекуваме во овие 14 месеци за време на скринингот да ги истакнеме на површина сите наши вредности, наши достигнувања и успеси, но и сите наши слабости и во кој рок треба да ги надминеме“, изјави Маричиќ.

Тој додаде дека по скринингот ЕУ прави извештаи по однос на тоа што ние сме го презентирале и врз основа на тоа што тие ни го претставиле и на тие извештаи се креираат мерила, бенџ маркови за секое поглавје, за секој кластери – што ние треба да исполниме за да станеме членка на ЕУ.

На прашањето за уставните измени и продолжување на евроинтегративниот процес на земјата, Маричиќ одговори дека од првиот ден опозицијата има подадена рака за да се вклучи во процесот на преговори, изразувајќи верување дека има во ВМРО-ДПМНЕ и пратеници и политичари коишто ја сфаќаат тежината на овој процес, кои сфаќаат дека овој процес е неповторлив и дека ние не треба самите да се закочиме себе по прифаќањето на францускиот предлог, односно по преземањето на обврската за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот.

„Јас еве и јавно го повикувам Александар Николоски, како претседател на Националниот совет за Евроинтеграции, едно важно тело во целиот процес, да седнеме и да разговараме на кој начин тоа тело, а со тоа и опозицијата ќе имаат улога во овој процес. Со тоа што ние во текот на скринингот ќе треба да утврдиме преговарачки позиции, тоа значи дека треба да се обврземе за колку време можеме некои работи да ги прифатиме и да ги исполниме, во тоа има улога и Собранието, и затоа е важно и опозицијата да биде вклучена“, истакна Маричиќ.

Главниот преговарач Маричиќ во продолжение објасни дека билатералните прашања ќе треба билатерално да ги решаваме и дека затоа постои историска комисија, постојат други форми на соработка и тие прашања кои се во Протоколот, Северна Македонија билатерално ќе ги решава со Бугарија.

„Во преговарачката рамка е јасно наведено дека генерален критериум за пристапување или напредок се добрососедските односи. Тука се ставени и договорот со Грција и договорот со Бугарија. Тоа е оценка на некој генерален напредок кој ние треба да го постигнеме со Грција и Бугарија. Нормално, напредокот зависи од двете страни и она што нам ни е најважно, на што инсистираме и сега е на меѓусебно почитување и реципроцитет секаде каде што тоа е возможно и неопходно“, додаде Маричиќ.

На прашањето како го коментира најновото истражување спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“ во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, според кое 57,1 отсто од граѓаните се против „францускиот предлог“, Маричиќ вели дека тоа е резултат на две и пол годишната блокада од Бугарија и атмосферата што ја создаде политичката реторика во двете држави.

„Она што го гледам како шанса е што најлошата фаза е зад нас и мислам дека по постигнувањето на овој договор, односно по прифаќањето на „Францускиот предлог“ работите да добијат нов тек. Тоа значи ние ги почнеме преговорите, сега ќе го потпишеме ФРОНТЕКС, да влеземе во една фаза на билатерални односи коишто треба да ја сменат таа атмосфера“, потенцираше Маричиќ, додавајќи дека секогаш кога се носат вакви тешки одлуки и се прифаќаат вакви тешки одлуки тие немаат на почеток широка јавна поддршка, но со тек на време добиваат на тежина.

Главниот преговарач со ЕУ мисли дека консензусот за наше членство во ЕУ треба да се обнови и дека не би било фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, ниту пак кон државата бидејќи и онака доволно чекавме, доволно бевме блокирани и имавме пречки досега.

„Ние се боревме како Влада да оствариме две битни цели. Едната е да си ја оствариме нашата надворешна политичка цел за членство во ЕУ, да не остане таа само на хартија и само во теорија. Втората е да си го заштитиме нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик. Јас сметам дека тоа е возможно. Дека ние може да влеземе во ЕУ во догледно време како Македонци кои говорат македонски јазик. Ако тоа го сфатиме и работиме на таа кауза и како политички партии и како поединци и како медиуми и општествени чинители можеме да го постигнеме сето тоа. Ова е задача на целото општество“, порача Маричиќ.

Маричиќ најави дека следните два дена ќе бидат скрининг состаноците за поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, а наредната недела дека продолжуваат со многу важно поглавје 23 – Правосудство и темелни права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.