Во рамки на денешната прес конференција, министерот за правда, Бојан Маричиќ посочи каде во правосудството С Македонија бележи напредок, но ги посочи и недостатоците наведени во извештајот од европската комисија.
„Врвен приоритет е враќањето на довербата во правната држава. Довербата може да се врати преку ефикасно судство. Јас сум задоволен што во извештајот европската комисија ја поздравува реформата во правосудството. Во извшетајот сепак, се наведува дека коруцпијата и високиот криминал, да бидат заокружени во правосилни пресуди. Во фокусот треба да се продолжи со инклузивност, имплементација на правен ситем. Исто така, потребна ни е цврста посветеност за заштита на судскиот систем. Судскиот совет донесе клучни документии за проверка на работата на судиите и проверка за етиката во фелата“, посочи Маричиќ