Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ на ТВ 24: Мицкоски најавува бојкот, а тој бараше попис во 2021 година

0
By Нова ТВ on October 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Малку е невообичаено да слушаме дека една партија (ВМРО ДПМНЕ) ќе го бојкотира пописот. Пописот се перцепира како да се избори. Ние се обидуваме со предлог законот, овој, и секој нареден попис, да не бидат тешки политички прашања. Предложениот закон е, дека конечно после 20 години мораме да направиме попис. Три месеци преговаравме, и тогаш ВМРО ДПМНЕ предложи да се вратиме на Државна пописна комисија, онаа која во 2011-та го пропадна започнатиот попис. Затоа пописот не може да биде политичко прашање.“ – изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, на телевизија 24.

Тој откри дека ВМРО ДПМНЕ имале низа забелешки, но дека ниту една не им била издржана.

„Имавме ние забелешки од ВМРО ДПМНЕ околу 20, но тие или не беа изводливи или не враќаат кон стариот модел, со тоа на крајот пак ќе оставиме политичарите да одлучуваат последни што е точно, а што не е при изведување на пописот. Ние сакаме попис со пониски трошоци, со целата современа опрема која ни стои на располагање и да имаат можност сите да бидат попишани, за да ја знаеме точната бројка колкумина живеат тука, колкумина надвор. Последниот пат на лидерска средба, Мицкоски бараше во 2021 да биде пописот, еве со овој закон тоа се предвидува. Ако пописот не е на пролет, ќе ја скокнеме следната година затоа што есента имаме локални избори. Така ќе дојдеме до 2022 години и повторно ќе бидеме несериозни во однос на важноста на статистичките податоци.“- коментираше Маричиќ.

Ако ВМРО ДПМНЕ беше во право за пописот ќе го завршеше тој во 2011 година

„Зошто е проблематично, со најсовремени методи, по електронски пат да се внесат сите податоци и така да ги добиеме неопходните параметри за населението во државата. Ако имаме изјави дека етничките права на етничките заедници нема да се доведат во прашање без разлика колкави се процентите на една заедница, тогаш зошто се опструира процесот? Значи и Мицкоски имаше таква изјава дека етничките права еднаш стекнати, не треба да се намалуваат без разлика на исходот на пописот.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, на телевизија 24, зборувајќи за обидите на ВМРО ДПМНЕ да го одложи пописот, со крајна цел и да не се одржи.

Маричиќ изрази разочарување зошто ВМРО ДПМНЕ не му верува на Заводот за статистика, органот кој цело време води статистики и управува со бројки.

„Да беше ВМРО ДПМНЕ во право ќе го завршеше пописот во 2011-та. Затоа сакаме да ги избегнеме методите од тоа време, туку на еден нов, современ начин да се преброиме, а при тоа бројките да се точни, веродостојни и да користат за креирање политики. Знам дека на ВМРО ДПМНЕ му оди во прилог да се исполитизираат сите процеси, но за пописот не може така да зборуваме. Целта на законот е да имаме успешен попис, а ќе имаме ако ги тргнеме на страна политичките партии. Тоа што го сака ВМРО ДПМНЕ е да се вратиме назад и пак да немаме веродостоен и ефикасен попис. Мислам дека треба да им се даде шанса на институциите да го завршат пописот, а не да се оптоваруваме со процентите. Легитимно е да ги попишеме сите, да ги споредиме податоците и да дојдеме до заклучок дали преземаме исправни политики. Исцрпени се сите дебати, имаме закон, а ако отвораме преговарачки процес уште две години ќе немаме попис.“- заклучи Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.