Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Од денеска по електронски пат граѓаните за неколку минути ќе добиваат уверение од казнена евиденција

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набрзо, истото ќе можат да го направат и за изводите од кривична евиденција. Се работи на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Начинот е брз, а процедурата едноставна и сигурна, рече Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата , на која се обратија и премиерот Зоран Заев и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, изрази задоволство од првите резултати од макотрпната работа на овој исклучително важен процес – системска дигитализација на судството.

– Од денес на граѓаните ќе им бидат потребни буквално неколку минути да добијат уверение од казнена евиденција. Набрзо, истото ќе можат да го направат и за изводите од кривична евиденција. Се работи на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Начинот е брз, а процедурата едноставна и сигурна. Анализите покажуваат дека со воведувањето на информатичката технологија заштедите на судовите ќе бидат огромни. Ќе се штеди на ресурси и хартија. Токму затоа дигитализацијата има и еколошка димензија, а во светот овие процеси се дел од таканаречена зелена-дигитална трансформација на општествата“, истакна министерот за правда Маричиќ.

Тој подвлече дека дигитализацијата на судството е само почеток на процесот на осовременување на услугите кон граѓаните по што ќе следува вградување на современа информатичка технологија во сите 34 судови во земјава со што ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата.

„За успешноста на овој процес сакам јавно да се заблагодарам на Врховниот суд и Министерството за информатичко општество, а ќе ја продолжиме соработката  и со нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави кои дадоа голема поддршка за процесот за дигитализација на судниците ширум земјата но и со ОБСЕ и Норвешката влада“, подвлече министерот за правда Маричиќ.

Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, истакна дека дигиталните услуги за издавање на уверенија се однесуваат на физички и на правни лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривични и прекршочни предмети.

„Услугата овозможува електронско поднесување на барањето, електронско плаќање преку платежна картичка и електронско добивање на уверението во ПДФ формат со бар код  – сертификат што подразбира поврзување на документот со електронски потпис и електронски печат на судот издавач на документот со кој се потврдува веродостојноста на документот. Користењето на дигиталната услуга е едноставно, брзо и лесно. Корисникот преку националниот портал за услуги се најавува со корисничко име креирано за добивање и користење на услугите на УЈП“, појасни Нанев.

Бојан Маричиќ казнена евиденција Лазар Нанев Уверение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.