По повод писмото на европратеникот Франц Ромео, во кое се изразува загриженост за непријатниот насилен инцидент против групата на Роми кој се случи неодамна, министерот за правда Бојан Маричиќ со одговор каде се споделува загриженоста за насилниот инцидент и воедно се потенцира очекувањето за брза реакција од надлежните органи за разрешување на случајот.
-Полициските службеници кои учествуваа во случајот на употреба на прекумерна сила беа веднаш идентификувани од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и очекувам брзо и одлучно постапување на Министерството за внатрешни работи и понатаму на Јавното обвинителство со цел правдата да биде задоволена, стои во писмената реакција на министерот за правда.
Маричиќ истакнува дека како држава ќе останеме доследни на заложбите за почитување на човековите права единствено со подигнување на свеста за прашањата што го тангираат нашето општество, но и преку санкционирање на секаков вид на насилство и говор на омраза.