Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ со порака до младите дипломати: Ако работиме заедно, не можеме да изгубиме, можеме само да победиме

0
By Ivana on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,  денес пред идните дипломати од Сојузна Република Германија, кои во моментов својата обука ја реализираат во нашата држава, ја истакна важноста и улогата на дипломатијата во зајакнувањето на довербата и соработката со цел градење посигурна иднина.

– Дипломатите имаат посебна одговорност кога станува збор за зајакнување на довербата и дијалогот, како и должност да работат на воспоставување нов механизам за комуникација меѓу државите и народите, во согласност со новите глобални околности. Ако работиме заедно, не можеме да изгубиме, можеме само да победиме, кажа вицепремиерот Маричиќ пред младите дипломати.

Тој посочи дека во време на големи политички турбуленции и промени во меѓународните односи, потребно е младите да се запознаат со случувањата околу себе, со политичките предизвици со кои се соочуваат земји и накратко се осврна на текот на евроатлантската интеграција на земјава, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример како со дипломатија, добра политичка волја и примена на европски вредности може да се реши секој спор, секое прашање, а билатералните односи да се зајакнат во насока на пријателство и соработка.

Вицепремиерот Маричиќ на идните амбасадори, министри за надворешни работи, млади лидери кои ќе имаат шанса да придонесат за градење подобар свет за сите луѓе и сите народи, им посака добар престој во Скопје, успешна обука и успешна дипломатска кариера по завршувањето на обуката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
ФОКУС

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

ВЕСТИ October 18, 2025

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за…

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.