Создадовме услови за слобода на медиумите и за слобода на изразувањето и тоа дава резултати. Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобро од 38-то место лани, истакнува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Фејсбук“, на Денот на слободата на медиумите.
Северна Македонија е на врвот во регионот, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска 48, Косово 75, БиХ 81, Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и заробената држава Македонија беше на дното на Индексот на РБГ кога во 2014 година се најде на 123 место. Линк