Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за обвинувањата кон Кацарска: Практично ВМРО-ДПМНЕ си ги брани злоделата

0
By Нова ТВ on November 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ е оптимист дека Собранието ќе ја избере Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд, бидејќи предлогот помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања.

– Со оглед на тоа дека предлогот судијката Добрила Кацарска да биде судија на Уставниот суд помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања, јас можам да кажам дека сум оптимист дека би требало да биде изгласана и во Собранието затоа што обично одлуката во Комисијата за избор и именувања е некој индикатор за тоа какво е расположението во Собранието, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека не треба да се заборави дека Кацарска е предлог на Судскиот совет од редот на судиите и тоа има една посебна тежина. – Мислам дека тоа треба и Собранието да го процени, да го оцени и да го цени и верувам дека ќе биде така, рече Маричиќ.

Во однос на герила акциите на собраниската седница, Маричиќ рече дека пратениците на опозицијата протестираа во Собранието заради тоа што Добрила Кацарска била судија во случаите од „27 април“ каде што е извршен напад во Собранието и каде што имаше крвопролевање врз пратениците, вклучувајќи и еден голем дел од денешната Влада со цел да се спречи изборот на претседател на Собранието и заради тоа што постапувала во други случаи каде што бил осуден доскорешниот почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Ако е тоа поимот за правда за ВМРО-ДПМНЕ, за што протестираат често и пред Министерството за правда и на различни локации, тогаш нека ценат граѓаните која е нивната визија за правда и правна држава. Значи, го доживувам тоа како личен напад за одбрана на нивните потенцијални и веќе утврдени злодела, нешто што е веќе битка повеќе години и верувам дека, тоа беше битка и со Законот за ЈО кога со сите сили се обидуваа да го спречат неговото донесување, но сите тие битки досега ги загубија. Верувам дека ќе биде и тоа така, нема никаква основа во тоа што тие го промовираат. И тоа што тие го промовираа вчера во Собранието за жал беше спротивно на владеењето на правото и на правната држава, истакна министерот за правда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.