Марин Ле Пен, лидерката на десничарскиот Национален фронт во Франција, го повредила р’бетниот столб при пад во празен базен.
Несреќата се случила кога Ле Пен се лизнала во базенот за време на косењето на тревникот во нејзиниот дом, пред една недела, објавува Гардиан.
„Не паничете! Имам фрактура на сакрумот од минатиот викенд. Тоа ќе биде долго, тоа е болно, но ништо драматично!“, запиша Ле Пен на својот Твитер профил.