Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш до последната капка живот

24
By Биљана Секуловска on December 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поминува уште една година, уште еден Ден на дрвото, но радоста за тој настан ја збогати јавниот сервис МТВ, со наслов кој развеселува и посакува секогаш да се слават денови на дрва во оваа земја: “Ден на дрвото: Со пет милиони нови задници им се кажа Стоп на катастрофите”.

Секако дека катастрофата постигнува секаде- за сите оние кои се подготвуваат за нови протести за барокното ГТЦ, им ја подарувам најновата вест: „Сити галери“ за 1,5 милиони евра ќе добие барокна фасада”.

Разгледајте ја историјата на протести околу проектот Ск 2о14- изгледа дека се започнува и завршува со протестите “Го сакам ГТЦ”, со мала пауза на почетоците, кога младите и борбени активисти одПлоштад Слобода, Архи бригада и Распеани Скопјани се обидуваа со своите животи да го одбранат Скопје. Никогаш не се повторија сликите со прегратките кон ГТЦ и за други градби кои ги вшмукала антиквизацијата, иако тврдам, истите луѓе кои го гушкаа делото на харизматичниот архитект Живко Поповски, навистина тврдам, би ја повторувале пораката :“Ја сакам НАМА” (Сити галери), “Го сакам Пелистер”, “Ја сакам Це-Ка” (не оваа Влада со театарски кулиси од стиропор, дело на светски наградуваниот архитект Петар Муличковски), “Ги сакам зградите кај Рекорд, Путник, Рубин-Кармин, Ловец”. Затоа што го сакаат Скопје.

Но, којзнае зошто, останаа парализирани сите. Очекував низ овие години архитектите да бидат движечката сила, преку разни облици на мирни протести: да стојат со денови, недели и месеци, на Плоштадот во Скопје, онака како што тоа го правеше жената во црвено, симбол на протестите во Турција, да одбијат да се помрднат додека багерите би татнеле, да се бунат, затоа што само така може да се преживее, само така е можно да се живее. Да се присетат само еден миг на шекспировската порака: “Господа, животот е краток! Ако живееме, живееме за да чекориме по главите на кралевите“.

Што може да биде најзначајно за една земја, кои периоди, кои години? Веројатно пресудни се оние кои навестуваат пресврти, преврати, подобра иднина, нов, прекрасен свет, кој во меѓувреме лесно може да се прокоцка, но револуциите, бунтовите, протестите се оние кои ја носат таа нова ера во која никогаш повеќе нема да биде ништо исто. Или барем не приближно исто.

Колку и да изгледа комично, кога од удобната фотелја се подаруваат лајкови на Фејсбук, како да станува збор за благороднички гест и дар од небото, сепак го разбирам како храбар потег на угнетените и преплашените, кои дури и преку лажни профили на социјалните мрежи се одважија последниве години да го соопштат крикот. Овие луѓе можеби некаде под перница го чуваат драгиот Стефан Хасел и неговата култна книга “Бунете се” и со страв го отвораат, но запаметиле добро: “Должни сме да бдееме нашето општество, да остане општество со кое ние ќе се гордееме.”

Особено е важно што студентите кои најавуваат нов протест на 10 декември, внимателно ја читаат оваа книга, која Хесел ја напиша на 93 години. Само така ниту еден ден не е залуден во животот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.