По повод 100-годишнината од поделбата на Македонија на три дела со Букурешкиот договор, Македонската заедница од Австралија – Викторија, организираат мировен меморијален марш, јавува МИНА.
Организаторите на настанот, ги повикуваат како Македонците така и сите други подржувачи на угнетените земји, во Мелбурн, и другите градови да придонесат со свое учество како потсетник на договорот на големите сили од 1913 со што започнува агонијата на македонскиот народ.