Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марта Кос: Од Македонија се чека само еден чекор – промена на Уставот

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 18:58

Ни треба искрена волја од Мицкоски за одење напред, а тоа сега не го гледаме – додаваат нашите соговорници, коментирајќи дека самовиктимизацијата на Македонија не води кон добро.

Жана П Божиновска

Кога ќе успеете да го смените Уставот, ќе можете да продолжите и ние го чекаме овој важен чекор. Вашата претходна влада прифати да го смени Уставот и тоа сега е услов за да можеме да продолжиме со пристапниот процес. И јас се надевам, навистина се надевам дека ова ќе се случи брзо, изјави еврокомесарката Кос за време на Форумот за проширување во Брисел.

Промената на Уставот, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав е условот за продолжување на пристапниот процес. Ова е единствената порака што доаѓа од Брисел, а се однесува на почетокот на преговорите за членство на земјата. Попатно се споменуваат и реформите, како и по некоја пофалба за досега направеното, дополнето со мали „забелешки“ и за одговорноста на самата Европска Унија, но промената на Уставот е „алфа и омега“ за целиот пристапен процес.

Во тој правец е и изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за „Слободен печат“, дадена за време на одржувањето на Форумот за проширување што се одржа во Брисел.

– Не сум среќна што Северна Македонија, во тоа време Македонија, при распаѓањето на Југославија, заедно со Словенија, беше една од најразвиените земји, ако не и втора развиена земја со Словенија од оние што произлегоа од поранешна Југославија, а сега вие сѐ уште чекате да ги започнете преговорите. Но, кога ќе успеете да го смените Уставот, ќе можете да продолжите и ние го чекаме овој важен чекор.
Не сакам да се навраќам на историјата, што ви се случи и зошто тоа ви се случи, но вашата влада, вашата претходна влада прифати да го смени Уставот, и тоа сега е услов за да можеме да продолжиме со пристапниот процес. И јас се надевам, навистина се надевам дека ова ќе се случи брзо – рече Кос.

Таа дообјаснува дека не се работи само за бугарското малцинство во земјава, туку за тоа дека заштитата на малцинствата е еден од основните принципи на Европската Унија, ама сите „грижи може да се адресираат во текот на пристапниот процес“.

Сепак, Кос во кусата изјава за „Слободен печат“ имаше и пофалба за Македонија.

– Ние како Унија имаме односи со Скопје и Северна Македонија. Знаете дека Северна Македонија е вклучена во финансискиот механизам на Планот за раст на Западен Балкан и имавме самит во Скопје, а Северна Македонија е една од земјите што испорачува најдобри резултати на тоа поле. Инаку, да потсетам, слушнавме дека процесот на проширување на ЕУ значи трансформација, а во вашата земја има многу реформи што се направени дури и пред официјалниот старт на пристапниот процес – ни изјави Кос.

За жал, ваквиот став не се слушна на Форумот за проширување што го следеа околу 500 луѓе, а на него, покрај високите европски претставници Каја Калас, комесарот за одбрана Андриус Кубилиус, комесарката Марта Кос…, земјите кандидати за членство – Црна Гора, Албанија, Молдавија, Украина и Србија беа претставени на високо ниво, додека од Македонија, Босна и Херцеговина и од Косово немаше ниту еден претставник.

Еврокомесарката Кос, која патем беше домаќин и организатор на Форумот, немаше одговор на нашето прашање дали Македонија била поканета, а не испратила претставник, или воопшто не била поканета, бидејќи пораката во двата случаи е различна.

Сепак, неофицијалните коментари од европски учесници на собирот се дека Македонија и не е тема во Брисел, бидејќи се чека чекорот со уставните измени. Нашите соговорници неофицијално велат дека Европската Унија очекува јасно покажана политичка волја од премиерот Мицкоски и од Владата да се тргне напред. Дури тие сметаат дека впечатокот е дека во Македонија има премиер што не само што не бара можност да се напредува кон ЕУ, туку напротив, бара можност да не се оди напред. А тоа, според нив, ѝ остава простор на Бугарија за, како што велат, „интерпретација на сè и сешто“.

– Ни треба искрена волја од Мицкоски за одење напред, а тоа сега не го гледаме – додаваат нашите соговорници, коментирајќи дека самовиктимизацијата на Македонија не води кон добро.

Колку брзо се движи проширувањето на Унијата

Дека Македонија не е и некоја тема во Брисел, показател може да биде и споменувањето на Македонија на Форумот што може да се изброи на прсти, иако темата беше процесот на проширување. Единствено на панелот „Проширувањето на ЕУ од перспектива на земјите членки на Унијата и регионите“ данската министерка за европски прашања Мари Бјере, говорејќи за искористување на моментумот за проширување, кажа дека на македонската делегација во Копенхаген неодамна ѝ било кажано токму тоа, а одговорот што го добила бил: „Нов моментум? Колку пати?“. Но нејзиниот став е дека пред 10 години немало ваков моментум. Сепак, таа потсети дека освен моментумот, тука се и критериумите за членство, како и тоа дека земјите мора да испорачаат, а ЕУ е тука да им помогне.

Поддршка за Македонија стигна од грчката заменик-министерка за надворешни работи Александра Пападопулу, која јасно се повика на заклучоците од Солунскиот самит во 2003 година.

Дебатата за проширувањето што требаше да се насочи главно кон граѓаните на самата Европска Унија кои сè уште во голем број се скептични околу приемот на нови членки и да им се покаже дека иднината на Европа зависи од проширувањето и дека тоа значи инвестирање во слобода, сепак, се насочи кон она што го испорачуваат кандидатите за членство. Како најнапредна на европскиот пат, секако е спомената Црна Гора, потоа Албанија, а голема поддршка добија и Украина и Молдавија.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого проширувањето сега се движи побрзо отколку во претходните 15 години, во обраќањето на Форумот излезе и со прогнози.

– Црна Гора направи најинтензивен напредок и ако продолжи така, во 2026 година ќе ги заврши преговорите, а членка може да стане во 2028 година. Албанија забрзано напредува и до крајот на 2027 година се очекува да ги заврши преговорите. Украина и Молдавија напредуваат и неопходен е скрининг процес со рекордна брзина, а Србија е посветена на значајни реформи – рече Кошта.

Македонија во неговото обраќање остана со кус коментар, заедно со Босна и Херцеговина.

– Босна и Херцеговина и Северна Македонија сè уште можат да постигнат напредок до крајот на годинава – беше кусиот заклучок на Кошта за земјава.

Сепак, неговата порака беше дека земјите кандидати треба да продолжат со реформите, особено во демократијата и во владеење на правото, а пристапувањето треба да биде според копенхашките критериуми и врз база на заслуги, а не некоја земја членка да блокира друга земја. Патем, во контекст на блокирањето од земја членка, досега не се слушна ништо за подготвеноста на Кошта да посредува меѓу Македонија и Бугарија во изнаоѓањето решение за спорот, исто како што повеќе не се слушна ни за срамежливата најава на италијанската премиерка Џорџа Мелони дека и таа би можела да посредува за истиот спор.

И ЕУ мора да се подготви за нови членки

Инаку, во однос на проширувањето, комесарката Кос во Брисел рече дека ЕУ мора да се подготви и за нови членки и дека во моментот работат на преглед на подготвеноста пред пристапувањето. Според неа, ЕУ мора да знае какво ќе биде влијанието на идното проширување врз клучните области на политиката или буџетот и управувачките структури.

– Исто така, треба да дадеме силни одговори на загриженоста на нашите граѓани. Што значи проширувањето за нашиот модел на социјална заштита? Како може да ја зајакне контролата на нашите граници? Како можеме да обезбедиме почитување на владеењето на правото по пристапувањето? И како ќе обезбедиме непречено и ефикасно функционирање на Унијата? Мора да имаме отворена дискусија за тоа какви заштитни мерки ќе вклучиме во идните договори за пристапување за да им обезбедиме на нашите граѓани дека интегритетот на нашата Унија е заштитен – рече Кос.

Таа изнесе податок дека две третини од Европејците велат дека во моментот не се доволно информирани за тоа што ќе значи проширувањето, а тоа е проблем што мора да го решат земјите членки. Сепак, говорејќи за важноста на проширувањето, на крајот заклучи дека „за сите пропуштени можности за проширувањето во минатото, ЕУ ја плаќа цената денес. А таа цена значи војна во Европа“.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

жана п божиновска Кос Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.