После интензивна потера уапсен е осомничен маж кој од се уште непозната причина од огнено оружје застрела најмалку 6 луѓе, вклучувајќи и две девојчиња.
Крвопролевањето се случи во рускиот град Белгород.
Мажот осомичен за нападот во Белгород, во кој на улица беа убиени пет лица, а едно загина подоцна во болница, е уапсен после интензивна полициска потера, го пренесуваат руските медиуми соопштението од властите.
Шест лица меѓу кои две девојчиња меѓу 14 и 16 години беа убиени денеска во град во западна Русија близу границата со Украина.
Вооружениот маж отворил оган во моментот кога ограбувал една продавница.
Според полицијата околу 14 часот по локално време вооружен маж дошол со BMW темна боја до маркетот „Охотник“, во кој се продава опрема за лов и риболов.
Излегол од автомобилот и започнал да пука, по што побегнал.
Откако полицијата го утврдила неговиот индентитет започнала интензивна потрага.
Станува збор за граѓанин од Белгород кој имал полициско досие, а кој излегол од затвор минатата година.