Вашингтон: Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“. Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“. -Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. Работата на мрежата е обновена од денеска.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.