Уште едно издание за паметење и потврда дека струмичкиот карневал е меѓу најдобрите во светот, се случи синоќа на главната интернационална карневалска вечер, велат од организацијата на Струмичкиот карневал.
„Прекрасните карневалски креации на домашните и странските карневалски групи ги воодушевија и жири комисијата и публиката, потврдувајќи дека Струмица е вистинското место за доживување на карневалската магија.
Плоштадот „Гоце Делчев“ беше светот во мало на кој се презентираа повеќе култури и традиции на домашните и карневалските групи од Москва, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Аруба, Бугарија“, се вели во нивното соопштение.
Најновото карневалско издание го следеа и претставници на дипломатскиот кор во државата, пријатели и поддржувачи на карневалот, а беше присутен и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.
Струмица со карневалот се најде на листата на најдобрите 20 карневалски градови во светот.