Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маските ја немаат партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Биљана Секуловска on October 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една интересна фотографија ги распара очите деновиве. Министерот за здравство, Венко Филипче, на фејсбук објави слика, на која вели дека претставува  состанок на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се бара одговорност од власта за коронавирусот.

Иронијата која тој сака да ја подвлече е дека на прикажаната партиска средба, само неколкумина носат маски, што не е воопшто сериозен грев за кој треба дополнително да се дебатира, ќе се сложиме сите заедно.

Затоа што, со маските можеме само да го заштитиме здравјето, и- животите. Ништо повеќе од тоа. А тоа никогаш не и е доволно на оваа партија, која на животот гледа филозофски, некако магливо и со скепса.  А што е навистина животот, има ли суштина, зошто сме тука, кои сме ние, се прашуваат тие плачливо, со тегоба во градите. Им се корне душата кога ќе помислат низ се што морала оваа партија да помине- криминали, корупција, истраги, затвори, бегства, ендеци, Груевски, Мијалков, зарем е малку, пресреќно плескаат што сепак се спасија.

А зошто сето тоа кога парите не се спасот, ниту пак теророт со кој владееја, зошто кога маскирани и пропаднати, мораат да се влечкаат по судови, да се кријат од страв во други земји, зошто сето тоа, кога крајот и онака еднаш доаѓа.

Замислени и упропастени од тоа сознание, потпрени на Белата палата, загледани во далечината, упатени со погледот накај Космосот, каде и навистина не може многу да се види и дознае. Се изгледа како голема црна дупка, која може да не голтне, заклучуваат, оттука, не вреди ниту овој петпарачки живот.

Маските никогаш нема да не заштитат од смртта, а таа секако некогаш ќе дојде, можеби е тука, не демне, беспредметно е тоа бегство, филозофираат тие,  вртејќи страници записи од локалните бајачи и видовњаци, кои ја запоседнале Партијата.

Маските, се држат за стомаците тие, за да не прснат од смеење, за почеток,  не штитат од нечовечноста, кога ќе се истури неверојатно количество на лошотија и сето зло врз починат млад човек, кој бил партиски член на СДСМ, како во случајот со младиот лекар кој трагично почина.

ВМРО не ни помисли да ги осуди ваквите опасни и ужасни коментари, ниту пак, најважното, да упати сочувство за семејството, еден човечки, топол збор, никогаш чуен и сосема непознат на овие простори, полни со проклетија, од која се стресуваат историските читанки.

Маските само во еден случај му помогнаа на ВМРО- тогаш кога  се распукнуваа главите на 27 април, на сите пратеници кои не беа од нивните редови. И, каков апсурд, маскираните напаѓачи и насилници таа ноќ, само ја потцртаа важноста од славењето на хероите на оваа партија, кои до ден денес, се чувари единствено на крајот, никогаш на животот.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.