Главната улица во Сараево е блокирана. Сообраќајот затворен на главните прометни места. Таксистите го блокираа сообраќајот, трамваите не работат, според проценките, повеќе од 1500 демонстранти се на улиците.
На протестите моментално се придружија и граѓаните на Бања Лука.
Според наши извори од Сараево, се повеќе луѓе се придружуваат на протестите пред Парламентот.
Денес најмасовен протест во Босна и Херцеговина?
Според најавите на босанските медиуми, и студентите од Македонија и Велика Британија пристигнале со поддршка за граѓанската иницијатива.