Каролина Плишкова ја слави највредната титула на земјена подлога во нејзината кариера. Поранешниот водечки светски рекет кај дамите во финалето на Мастерсот во Рим ја совлада Британката Џоана Конта со 6:3, 6:4 за пробив до второто место на најновата ВТА ранг листа.
Таа воедно е прва чешка тенисерка што победи на турнирот од категоријата „Премиер“ во Вечниот град по Реџина Марсикова во 1978 година.
Наградниот фонд на Мастерсот во Рим е 5,2 милиони евра.