Еден маж почина, а една жена била итно пренесена на Ургентен центар го градот, откако синоќа во зградата во кругот на Инфективната клиника во Белград избувна пожар.
Според српските медиуми, пожарот избил поради маслен радијатор, а пет други станови се уништени од огнената стихија.
„Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице“, изјави докторката Ивана Стефановиќ.
Дури 38 пожарникари синоќа се бореле со стихијата која ја голтала зградата. Во моментов во зградата има две екипи пожарникари.