Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мажите што тепаат дома често се примерни луѓе во општеството

0
By Менче Атанасова Точи on July 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Семејното насилство е општествен проблем. Жените жртви на семејно насилство немаат соодветна подршка од институциите поради што најчесто се враќаат во домот на мажот насилник. Македонија има законска регулатива и програми за помош и подршка кои во пракса не функционираат, вели во разговор за НОВА Весна Матевска психолог во невладината организација ХЕРА.

-Од тие причини невладиниот сектор мора да врши притисок за да се спроведуваат протоколите, а стручните служби да си ја вршат својата работа и покрај психолошката помош и економски да ја подржат жената за таа да не биде приморана да се врати повторно назад изјави Матевска.

Матевска го опишува и профилот на насилниците, а во најголемата група ги вбројува мажите кои служат за пример во општетсвото и на работното место, а дома ја насочуваат агресијата кон жената и децата. Две четвртини од вкупниот број на мажи насилници отпаѓа на асоцијални личности и алкохоличари.

-Децата се сведоци на насилството и најчесто тие во понатамошната возраст го повторуваат насилство кога ќе станат возрасни и кругот се проширува. Девојчињата пак, обично се помируваат со судбината како и нивните мајки и не пријавуваат семејно насилство вели Матевска.

Од првата детска амбасада Меѓаши информираат дека минатата година имаат регистрирано 83 случаи каде децата се жртви на семејно насилство.

Тие биле жртви на психичко, физичко насилство или негрижа од страна на сопствените родители. Овие деца секојдневно биле изложени на омаловажување, навреди, тепање или пак не им се задоволени егзистенцијалните потреби како мерка за дисциплинирање и воспитување што влијаело врз нивниот психо-физички развој. Тие им забележуваат на социјалните служби дека не си ја вршат добро работата и го посочуваат примерот со детето кое цела година живеело затворено дома, запуштено без да оди на училиште со таткото зависник и насилник, а службите не интервенирале.

Од Министертво за труд и социјала велат дека во првиот квартал од оваа година регитрирале 209 жртви на семејно насилство. Од нив 183 се полнолетни, од кои најголем дел се жени, а малотени се 26.

Центрите за социјална работа имаат предложено вкупно 71 мерка за заштита на жртвите на семејно насилство, а судовите изрекле 83 мерки на заштита.

На прво место место според типот на насилството е психичкото насилство, па потоа следува физичкото, а во помал процент економското и сексуалното насилство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

ВЕСТИ November 5, 2025

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.