Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мазохизам како стил на политичко живеење – или зошто уживаме во негациите, игнорирајќи ги афирмациите

0
By Xhabir Deralla on October 20, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски

Минатата недела добивме вест од Брисел дека конечно после четири години блокади од Бугарија, Советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ го усвои текстот на договорот Фронтекс  на сите официјални јазици на ЕУ и на македонски јазик. Оваа одлука е донесе со гласот ЗА на бугарскиот министер за внатрешни работи чија држава четири години го блокираше усвојувањето на овој документ, токму поради неговата верзија на македонски јазик.

Изненадувачки, оваа вест и не доби поширок одглас во македонската јавност, иако е јасен показател дека усвојувањето на преговарачката рамка со ЕУ ја отстрани бугарската блокада за македонскиот јазик во ЕУ. Инаку токму загриженоста дека македонскиот јазик нема да биде дел од лингвистичкиот систем на ЕУ, летово покрена лавина од емотивни реакции кои резултираа со бројни протести на илјадници наши сограѓани изложени токму на манипулацијата од разни политички центри на моќ дека преговарачката рамка на ЕУ или таканаречениот француски предлог се негација на македонскиот јазик и идентитет.

Наспроти малото внимание посветено на оваа вест која пристигна како доказ за признавањето на македонскиот јазик во институциите на ЕУ, сведоци сме на стотици објави по сите медиум за изјава на било кој маргиналец на бугарската политичка сцена каде што, за волја на вистината, често се регистрираат навредливи изјави кон македонскиот јазик и идентитет. Па така, на пример, Џамбаски или Каракачанов се апсолутно ѕвезди на медиумската сцена во Македонија која редовно ги забележува провокациите на овие политички маргиналци кои добија гласови на последните парламентарни избори кои се бројат со некои максимални 1% од гласовите, при што не освоија ниту едно место во бугарскиот парламент. Патем, никој и никаде не го спомна името на министер во владата на Бугарија кој дигнал два прста во Советот на министрите на ЕУ со кој е усвоен договорот Фронтекс по четиригодишното вето од Бугарија, елиминирано со преговарачката рамка. Па сега, кога станува јасно дека македонскиот јазик добива своја афирмација во европските институции, имате изјави како онаа на Стевчо Јакимовски:

„Еден амбасадор ми вели како била голема придобивка што во Европа ќе влеземе со македонски јазик. Му реков, извинете, ама изгледа вие од Европа малку се занесувате дека ние би влегле во Европа без македонскиот јазик. Треба колут напред да правиме од среќа?“, прашува Јакимовски.

Точно е дека нема причина за правење „колут напред од среќа“, затоа што македонскиот јазик не доаѓа предвид да биде негиран во ЕУ и затоа што македонскиот јазик е неспорна реалност во секој светски лингвистички атлас, но Јакимовски и редица политичари како него би требало да кажат сега зошто даваа фаталистички изјави со суицидни „колути назад“ кога тврдеа дека македонскиот јазик е негиран со преговарачката рамка или таканаречениот француски предлог, мобилизирајќи и манипулирајќи, свесно или од незнаење , илјадници наши сограѓани во јули кога се случи прифаќањето на преговарачката рамка.

И додека Џамбаски и слични маргиналци во Бугарија се ѕвезди на медиумската сцена во Македонија, не забележав било кој да ја пренесе изјавата на двајца пратеници од европскиот парламент, Пицула и Немец, кои многу јасно рекоа дека македонскиот јазик и употребата на терминот Македонци не се никаков проблем во европските институции, што наведува на еден грд впечаток дека ова јавност просто ужива во негациите на македонскиот идентитет кои доаѓаат од типови како Џамбаски, додека сè друго, од многу порелевантни извори кои го тврдат спротивното, не предизвикуваат никаква емоција или внимание.

Не помалку важно е да се спомене и отсуството на објави за тоа дека, на пример, Институтот за македонски јазик, конечно, после 20 години, вработи десетина лингвисти чија задача е нега и унапредување на македонскиот јазик. Внимание не привлече ни веста дека една и пол година по промоцијата на дигиталниот толковен речник никој или барем дел од онаа „стручна јавност“ често вклучена во фаталистичкиот политички дискурс за „уништување на македонскиот идентитет“ не се јавила со предлог за вклучување на нови зборови во дигиталниот толковен речник и покрај таквата можност. Ако целта е критика на владејачката структура зошто на пример таа иста „стручно патриотска јавност“ не ја критикува владата која три години по ветувањето за реставрација на старото училиште во Љубојно, второ во кое по војната се одржа настава на македонски литературен јазик, и негово етаблирање во Центар за грижа и унапредување на македонскиот јазик сè уште нема абер да биде остварено. Нема ни критики од истите „стручни патриоти“ за секојдневната негација на македонскиот јазик во јавната комуникација во која стана сосема нормално да се отстапува од литературните норми на македонскиот јазик. Или од непримената на законот за употребата на македонскиот јазик. Не! Нас тоа не нè интересира. Ние, сепак, многу повеќе сакаме да „уживаме“ во камшиците на бугарските маргиналци, прифаќајќи го мазохизмот како стил на живеење.

А дали македонскиот јазик е исправен пред предизвици! Да, ги има многу, но воглавном од нас самите.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.