Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба, изјави дека денес Чаир се разликува од 2005-та година, кога тој ја презеде општината, се вели во соопштението од неговиот ПР тим, што МИА го пренесува интегрално.
Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%, истакна Меџити.
Тој потсети дека некогаш Албанците во државната администрација имале минимална застапеност.
Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија, истакна Меџити.
Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, Меџити кажа дека на овие избори не е прашањето што ќе се случи во Кичево, Струга или други градови, туку кој ќе победи во Чаир.