Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Очекуваме брза реакција од надлежните за скандалот со лековите, терапијата за пациентите е безбедна

0
By Ана Василевска on September 4, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Од денешната прес конференција за скандалот на скопска Онкологија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Хаљид Матоши, истакна дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде обвинителството.

Меџити рече дека во периодот кога тој е министер состојбата на онкологија е променета. За биолошката терапија за пациентите сега не одлучуваат еден или двајца доктори туку раководителите на сите 12 оддели на Клиниката еднаш неделно, а од тој момент директорката е изземена.

Министерот за здравство Меџити и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија Клисаровска потенцираа дека во овие шест месеци терапијата за пациентите е безбедна и сигурна и дека нема манипулации со терапијата.

-За тоа како било порано сум споделил и тоа што било не е во мој домен, рече министерот за здравство.

Во врска со системот КАТО истакна дека тој не е фрлен, туку дека е во собата каде што бил инсталиран заклучен и оти во изминатите месеци се прави анализа дали тој ќе се врати во употреба или ќе се користи друг систем за терапија.

Меџити и Клисаровска побараа да не се ставаат сите доктори во ист кош и ги уверуваа пациентите дека сега нема проблеми со терапијата. Замолија да нема шпекулации за дополнително да не се вознемируваат пациентите.

Од име на колегиумот на Клиниката на онкологија в.д директорката Клисаровска во врска со постапката која е во тек, кажа дека тие се целосно достапни на надлежните органи со цел брзо откривање на евентуалните виновнцини. Тие најостро го осудуваат секое несовесно постапување во Клиниката. Апелираше до надлежните надлежните институции час поскоро ако има виновници тие да бидат изведени пред лицето на правдата.

Д-р Клисаровска излезе со молба и апел да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим. Таа одговорно им тврди на пациентите дека од ноември 2022 година кога таа е назначена за медицински директор секој пациент ја добива препишаната терапија без никави манипулации со лековите.

Таа кажа дека претходно имала информации за бездноста на лековите по допрен глас, но дека тие не можеле да докажат. Д-р Клисаровска рече дека веќе има една медицинска сестра која во мај добила отказ од работа бидејќи била фатена со украдена терапија, но не од таа терапија за која се зборува во јавноста.

Потврди дека поранешниот директор д-р Нино Васев денеска е дојден на работа на Клиниката.

Случај Онкологија Фатмир Меџити Цитостатици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.