Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Радиологија е една од проблематичните точки во здравството,но работиме на решавање на проблемите

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството, но работиме на решавање на проблемите, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета на велешката ЈЗУ Општа болница одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот демант од Државниот завод за ревизија на неговата изјава за искористеноста на магнетната резонанца.

-Вие сте сведоци дека во неколку наврати ние веќе интензивно десет месеци работиме, како со другите проблематики така и со проблемот за радиологија. Јас уште на почетокот кажав дека ќе ја централизираме сета радиологија која ќе биде во Ккиниката за радиологија и нема да има потреба од радиолози во целата држава, туку само техничари коишто ќе го вршат тоа снимање и онлајн нашите колеги радиолози ќе можат да ги прочитаат. Но, тоа е процес што трае и ние сме многу внимателни кога ќе донесеме фактички одлука како тоа понатаму да го решаваме. Затоа и стојам на зборот, ние го земавме извештајот од Државниот завод за ревизија и пред две недели државниот ревизор беше кај мене во кабинет и ние по моја иницијатива потпишавме меморандум со Државниот завод за ревизија и целта ни е како кабинет и министерство за здравство повеќе да нема пропусти и злоупотреби. Јас кажав и тогаш и сега повторувам овие приблеми ние нема да ги решаваме преку ноќ, но макотрпно работиме за да се решаваат, потенцира Меџити.

Воедно додаде дека на Универзитетските клиники во комплексот „Мајка Тереза“ единствен дефицит има на радиолози и друг кадар во Клиниката за Радиологија и дека работат на решавање на проблемот.

-Знаете радиолог не може да создадете преку ноќ и еден месец, тие се специјализации кои траат подолго, но затоа целта на овој процес кој ние како министерство веќе го водиме  и мислам дека за кратко време ќе имаме и конкретен резултат и ќе бидете известени како ќе постапиме понатаму. Дека има пропусти и злоупотреби има, јас првиот кажав дека здравството  е во тешка состојба, но вие сте сведоци и целата јавност и сите пациенти дека ние ја дисперзиравме целата апаратура низ целата држава, потенцира Меџити.

Воедно додава дека тој лично се изборил за  тие 1 117 вработувања за кои сите подготовки се при крај.

Меџити Радиологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.