Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити за МИА: Не сум разрешен од претседател на огранокот на ДУИ за Чаир

0
By Соња Крамарска on March 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот во Собранието и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, кој е еден од најистакнатите членови на т.н. „Огнена група“ во партијата, во изјава за МИА вели дека не се точни информациите оти е разрешен од должноста претседател на огранокот на Демократската унија за интеграција за Општина Чаир.

„Не сум разрешен. Јас сум избран во легална процедура и низ редовна кампања и имам мандат како претседател на огранокот“, изјави Меџити.

Коментирајќи ги информациите дека на негово место како „координатор на ДУИ за Чаир“ е именуван актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, Меџити вели дека таквата одлука е смешна и нелегитимна, бидејќи според Статутот на партијата не постои функција „координатор за политички процеси“ и за такво нешто не се дебатирало во ниту едно партиско тело.

„Сето ова е одраз или делување во паника, по големата поддршка од гласачите и граѓаните на нашите собири секаде каде што сме биле“, додава Меџити за МИА.

Според него, за т.н. „Огнена група“ е најбитно што се на иста линија со гласачите и структурите на Демократската унија за интеграција, што им дава мотив да веруваат дека се во право во однос на барањата за кои се залагаат.

„Најбитно е што имаме голема поддршка од гласачите и од граѓаните, бидејќи од нив црпиме сила и пак на редовни или вонредни избори ќе треба да се соочиме со нив“, нагласи Меџити, додавајќи дека и покрај овие последни случувања „Огнената група“ останува дел од ДУИ.

Според дел од медиумите, на предлог на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, министерот Османи бил именуван за координатор на чаирскиот огранокот на партијата, чиј претседател е Меџити, со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Група истакнати членови на ДУИ, кои беа наречени „Огнена група“, кон крајот на септември објавија отворено писмо во кое обвинија дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување станало индивидуално. Во писмото, потпишано од 20-тина членови на ДУИ, меѓу кои и Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Мерита Коџаџику, се бараше внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и беше упатен повик до лидерот на партијата Ахмети „да го искористи својот политички и  статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство“.

„Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби“, се наведуваше меѓу другото во писмото.

Потписниците посочуваа дека „арогантното однесување на извршната власт“ на чело со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, предизвикало „незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.

По ова на почетокот на октомври се одржа средба на „огнените“ со раководството на ДУИ, на која беше договорено на 15 октомври да се избере новото партиско раководство. На овој собир одржан во Тетово, за потпретседатели на партијата беа избрани Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Фатон Ахмети беше избран за генерален секретар на ДУИ, Блерим Беџети за организациски секретар, а Саранда Имери за секретар за еднакви можности. За членови на Централниот совет беа избрани Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

Меѓутоа, и покрај вклучувањето на припадници на т.н. Огнена група во највисокото раководство на ДУИ, нејзините членови продолжија со активности на теренот, одржувајќи средби со партиските членови и гласачите низ земјава, на кои ги презентираат своите заложби за промени во партијата.

Извор: МИА

Изет Меџити огранок на ДУИ во Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.