Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медицинските и економските придобивки од легализација на канабисот

0
By Нова ТВ on December 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Еден од аргументите е  тоа дека со легализирање на марихуаната, покрај медицинската  и рекреативната употреба, се намалува бројот на корисници на ова растение, но и значително влијае на намалување на користењето на потешки, хемиски дроги. Ако се следат научните истражувања, кои во последните неколку години, земаат се поголем замав, тогаш јасен е трендот на намалување на бројот на корисниците. На пример, во Канада и во американските држави Колорадо и Орегон, користењето на марихуаната во рекреативни цели се намалило за 50 отсто, особено кај младата популација, пишуваше претходно Нова ТВ.

За Европа има интересни податоци објавени како дел од медицинско истражување, дека во државите во кои не е легализирана марихуаната има повисок процент на корисници. Исланд предничи со речиси 20 отсто од граѓаните кои редовно конзумираат, потоа следи Франција со 12 отсто од популацијата, Шпанија и Италија (легализирана е медицинската употреба) со 10 проценти. Онаму каде што е легализирана, граѓаните не се толку заинтересирани за рекреација со џоинт, па истражувањето запишало дека во двете најлиберални држави, Холандија и Чешка, само шест отсто од жителите се изјасниле дека користат канабис во секојдневието.

За Северна Македонија не постои понова статистика или обемно истражување на пазарот за да се утврди колку македонските граѓани пушат марихуана, но сигурно во следните месеци ова ќе биде предизвик, пред се за граѓанските организации кои се занимаваат со темата, да спроведат помасовно истражување кое ќе оди во прилог на ставот на премиерот, но и на многумина во СДСМ, но и во други политички партии, научни и уметнички кругови, се до младата популација, за која е извесно дека користи марихуана. Неопходно ќе биде целиот процес да се одвива транспарентно затоа што многумина имаат што да кажат на темата и затоа што само така ќе биде исправно оти либералните сили во општеството кои ќе застанат зад идејата на премиерот за противник ќе ги имаат конзервативните ставови на партии, лекари, организации… и нема да биде лесно да се наметнат во јавноста позитивните ефекти од легализација на канабисот, пред се неговите лековити дејства, но и неговата моќ да внесува финансиски приливи во државната каса.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.