Мрежата на професионални медиуми од Југоисточна Европа (СЕЕНМП) се приклучи кон барањето за итно ослободување на Кежаровски. Во мрежата членуваат 17 невладини организации од 12 земји.
-Мрежата на професионални медиуми од Југоисточна Европа е длабоко загрижена за здравствената состојба на македонскиот новинар Томислав Кежаровски кој започна штрајк со глад на 22 Јули, а во притвор е од 28 Мај. СЕЕНПМ која обединува 17 медиумски организации од 12 држави бара итно ослободување на Кежаровски, се вели во соопштението.
По изрекувањето на мерката притвор кон крајот на Мај, речиси сите значајни интернационални и регионални организации остро реагираа и бараа ослободување на Кежаровски.