Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумската култура и пропагандниот аждер

0
By Борјан Јовановски on November 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во право се илјадници граѓани на кои им е смачено од медиумите во Македонија. Во право се кога подигнале раце од мачењето да дојдат до одговори на многу дилеми со кои се соочени нивните животи и целото општество. Тешко е да се дојде до вистинските одговори. Како новинар и уредник на медиум се чувствувам должен да им соопштам дека моите лични напори, напорите на моите колеги во редакцијата но и на многу други мои колеги во други редакции завршуваат со резултат кој не ги задоволува нивните очекувања. Исто така сакам да им кажам дека таа фрустрација ја споделуваме и ние во немоќ да одговориме на начин како што ни налага нашата професионална совест како и етичките стандарди на нашата новинарска професија. Тешко е да се биде новинар драги наши читатели и гледачи. Соочени сме со еден пропаганден аждер кој сака да ја изеде вашата граѓанска и нашата професионална чест.

За да бидам појасен дозволете да споделам со вас како изгледа тоа во пракса.

Во изминатата недела нас во НОВА не интересираа неколку актуелни прашања за кои сакавме да ви испорачаме релевантен одговор. Еве Сашка на пример решила да не ја прифаќа колективната психоза за страшниот Мијалков чие име мора да се изговара тивко во јавноста. Јас како уредник па ич немам намера да и го кршам ентузијазмот на една млада талентирана новинарка како Сашка. И јас и Сашка се согласуваме дека се што ќе објавиме треба да биде во согласност со нашите етички стандарди што подразбира дека ни е потребен одговор од надлежни институции. И еве ја Сашка уште чека да добие едноставни одговори како на пример дали бизниси во Чешка и функција каква што е прв човек на разузнавање на Македонија има некаков конфликт на интереси. Ќе се согласите дека е интересно да се слушне мислење на МВР за ова прашање. Одговор уште нема ниту на ова ниту на други важни прашања поврзани со темава.

Мене лично на пример ме интересираше пак поврзано со темава дали тоа што Мијалков решил да инвестира во Чешка не е во конфликт со напорите на владата проследени со многу пари од буџетот да привлече странски инвеститори. Не знам за вас но мене ако се ставам во позиција на странски инвеститори не ми делува привлечно порака дека моќен функционер во власта не инвестира во сопствената држава а ме повикува мене да го направам тоа. Одговор од кабинетот на министерот за инвестиции Веле Самак нема..тоа прашање не било релевантно за нив!!?

Повеќе од еден месец се обидуваме на сите начини од најофицијални до помалку официјални да го поканиме првиот анти корупционер на дебата во која ќе каже како работи оваа институција. Го добив по се на телефон Г-динот Сламков. Цинично и кусо ме праша…вие ли сте медиумот кој не критикува и ја спушти слушалката.

Менче Точи сакаше за нашите читатели да обезбеди релевантна информација со став од институциите за тоа што јадеме? Каде се краставиците и грозјето што ни го враќаат европејцине поради превисока доза на пестициди. Изнудивме некакви одговори со тоа што главната инфрмација ја откривме преку европските институции. Менче седеше до доцна на работа за да стигне до една информација која на сите нас ни значи живот и здравје.

Неделава се отворија две битни прашања. Буџетот и образовниот систем. Како ќе се трошат нашите пари и како се образуваат нашите деца претпоставувам за секој граѓанин и родител е прашање од извонреден интерес. За двете теми сакавме во НОВА да организираме дебата во која ќе се презентираат ставовите како на пратеници од владеачката партија така и на оние од опозицијата. Му пратив смс порака на Илија Димовски одговорен за комуникации во партијата со молба да ни обезбеди соговорник. Одговор нема иако и самото правило да се обраќаме до Димовски е веќе кршење на принципите бидејќи во нормални демократии би требало да имаме директна комуникација со нашите народни избраници. Замислете кога ги подготвувам интервјуата со европските пратеници да треба прво да се јавувам во седиштата на нивните партии. Да вртам со седиштето на лабуристите во Лондон за да го обезбедам Ховит на пример. Кога би го направил тоа веројатно лабуристите конверзацијата со мене ќе ја раскажуваат како виц.

И Секуловска му праќа пораки на Димовски и постојано разговараме како да го надминеме проблемот и да го работиме она што сакаме, знаеме и е наша професионална должност- редовно да организираме дебати преку кои ќе ви испорачаме на вас како наши читатели и гледачи различни гледишта од кои вие самите ќе го извлечете заклучокот.

Би можел да ви пишувам десетици страници со примери но мислам дека е сосема доволно ова како илустрација да разберете дека имаме работа со системско кршење и понижување на вашата граѓанската култура и чест и нашето професионално достоинство. Целта на овој систем е јасна. Да ги дискредитира сите новинари и медиуми кои не се ставени во срамна поданичка функција на партиската пропаганда. Тоа што нив ги нема на нашите медиуми треба да е порака до вас дека сме ние наводно еднострани и непрофесионални и дека работиме за интерсот на опозицијата што е брутална лага. Професионалното новинарство нив им пречи, и пречи на пропагандата која преку владините реклами од наши пари треба да ве убеди дека живеете во државата најреформатор на оваа планета. Им пречи на рекламите кои ве убедуваат дека нашето здравство е совршено реформирано…Тоа што кога ќе се обратите до тоа реформирано здравство ќе ве препратат во некоја од приватните клиники за да не го чекате вашиот преглед со месеци тоа не важно…важно е да ја живеете нивната илузија дека се партија која ја препородила нацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.