Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во неделното интервју на Радио Слободна Европа , вели дека и партијата и народот се уморни од избори:
-И ние и народот сме уморни од избори, премногу ги имаше, ние сме повеќе да се осврнеме и да ги решиме проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори.
Став за евентуално напуштање на коалицијата доколку нема решение за името, треба да донесе централното претседателство, но до денес нема таква одлука, може тоа да се случи утре, задутре или подоцна. Штом не сме излегле од Владата, тоа значи дека сè уште има простор за нивните заложби.
-Наш став беше дека нема да прифатиме име коишто ќе има предзнак југословенски и две-три коишто беа спорни, а сè друго е прифатливо. И Горна Македонија, ние уште на самиот почеток јавно кажавме дека е прифатлив предлог, вели Меџити, на прашањето дали Али Ахмети, му одигра зад грб на премиерот Груевски со неговата изјава дека последниот предлог на Нимиц е Горна Македонија .
Меџити вели дека сè уште се оптимисти и сè уште има простор за нивните заложби и затоа сèуште се дел од Владата.