Протестите за спас на зеленилото во Чаир добија среќен епилог.Десет маркички за градба се повлечени, а инвеститорите бараат нови локации за своите згради. Две згради сепак ќе бидат изградени, затоа што за нив процедурата е веќе завршена, пренесе Телма.
>>Протест во Чаир за заштита на паркот
Градоначалникот Изет Меџити најави дека станарите од зградата во близина ќе бидат обештетени со нова фасада, лифтови и слично.
За разлика од Чаир, во Центар до сега не е прифатена ниту една иницијатива или барање на граѓаните за спас на зеленилото.