Мефо Исмаили: Палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере! Но, во оваа ситуација, мислам дека треба да се потенцираат две работи. .. .И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата. … На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот! Линк