Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ПЕН со барање до Беџети:Ослободете го Кежаровски

0
By Влатко Чаловски on October 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Комитетот на писателите во затвор, Мариан Ботсфорд Фрејзер, му напиша писмо на македонскиот министер за правда, Блерим Беџети, каде што изразува загриженост за причините според кои е уапсен а воедно и продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски. НОВА ви го пренесува писмото во целост:

„Драг Министре,

Ви пишувам во име на Комитет на писателите во затвор при Меѓународниот ПЕН, глобална асоцијација на писатели со членови од 100 земји ширум светот. Ние сме загрижени за продолжениот притвор на македонскиот истражувачки новинар Томислав Кежаровски, и веруваме дека тој треба да биде ослободен без одложување, бидејќи единствената причина за неговото апсење се чини дека е поврзана со негов текст.

Специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување, Френк Ла Ру, кој беше спречен во неговата намера да го посети Кежаровски за време на неговата посета во земјата, во јуни 2013 година, го побара истото.

Според нашите информации, Кежаровски е веќе во притвор повеќе од четири месеци. Како репортер на скопскиот дневен весник „Нова Македонија“, тој беше уапсен на 29 мај 2013 година за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок, во два наврати кога тој пишуваше за слуќај на убиство, што беше објавено од магазинот Репортер 92 во 2008 година.

По неговото апсење, на Кежаровски му беше одредена мерка притвор од 30 дена со цел полицијата да ги истражи обвинувањата кон него. Сепак, и по истекот на тие 30, притворот му беше продолжен на нови 30 дена. Вака се продолжува секој месец од денот кога тој беше уапсен. Сегашниот рок на истекување на наредбата дадена на 27 септември 2013, веќе треба да истече околу 26 октомври 2013 година.

Кежаровски во 2012 година заврши на второто место за наградата за истражувачко новинарство која ја доделува Македонскиот Институт за медиуми. Неговата работа беше доста критикувачки настроена наспрема македонското Министерство за внатрешни работи и на справувањето на полицијата со заштитните сведоци. Затоа сме загрижени дека продолжувањето на неговата казна всушност би можело да претставува повторување на она за кое тој известуваше.

Забележавме извештаи дека тој е обвинет согласно Законот за заштита на сведоците. Од огромно значење за нас би било појаснување на неговиот сегашен статус во рамките на правото, како и информациите во врска со сите формални обвиненија кои се поднесени против него до денес. Забележавме извештаи дека „заштитен сведок“, наводно идентификуван во статиите на Кежаровски од 2008 година, сведочел пред скопскиот суд во 2012 дека тој всушност немал статус на заштитен сведок во времето кога биле објавени статиите кои го идентификувале. Овој статус му бил доделен во 2010 година. Тој понатаму сведочеше дека бил принуден од страна на полицијата да сведочи лажно во судскиот процес за убиството. Ние, исто така, ќе го цениме појаснувањето за тоа дали сведокот за кој станува збор, има статус на „заштитен сведок“ во 2008 година.

Ние сме исто така вознемирени од извештаите дека некој судија извршувал притисок врз Кежаровски да го открие името на неговиот извор на информациите во неговата статија од 2008 година, и ќе го цениме вашиот одговор дали тоа е всушност случајот. Како што сте запознаени, Европскиот суд за човекови права во неколку наврати нагласи дека членот 10 од Европската конвенција за човекови права, ги заштитува не само суштината и содржината на информациите и идеите, туку и средствата за пренесување на истата.

Медиумите се прифатени според најширок обем на заштита во практиката на Судот, вклучувајќи ја и доверливоста на новинарските извори. Со ова писмо ви го праќаме и листот со фактите од ЕКЧП.. Ако Томислав Кежаровски бил под притисок да го открие неговиот извор, ова ќе претставува прекршување на членот 10 од ЕКЧП.

Меѓународен ПЕН смета дека ако – како што излегува дека тоа е точно – единствена причина за продолжениот притвор без судење на Кежаровски е неговата работа како новинар, тогаш тој е задржан со повреда на неговото право на слободно изразување, кое е гарантирано со член 19 на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права (ICCPR), која Македонија ја ратификуваше во 1994 година, членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), која Македонија ја ратификуваше во 1997 година, и со членот 16 од Уставот на Република Македонија. Неговиот продолжен притвор, исто така може да претставува повреда на неговото право да не биде судски притворен и изложен на фер судење, како што гарантираат членовите 9 и 14 од МКГПП и членовите 5 и 6 од ЕКЧП.

Затоа, Ве поттикнувам да направите се што е во ваша моќ за да се осигура дека македонските власти работат во согласност со нивната законска обврска за да му гарантираат право на Томислав Кежаровски за слободно да се изрази, со тоа што веднаш ќе го ослободат од притвор и ќе му дозволат да продолжи со неговото новинарство без понатамошно неоправдано мешање.

На крај, би сакал да ја изразам загриженоста на Меѓународниот ПЕН во врска со нацрт-законот за медиуми за кој расправата е во тек, а за кој новинарите и медиумските работници во земјата се спротиставуваат. Ние разбираме дека тие се плашат дека предложеното регулаторно тело нема да биде ниту транспарентно ниту одговорно, додека се овластени да наметнат значителни парични казни и ќе имаат можност да цензурираат новинари. ОБСЕ коментираше „Делот за програмки и експертски мониторинг е ризик за постоење на застрашувачки ефект врз радиодифузерите“. Повторно, Ве поттикнувам да се осигурате дека нацрт-законот се разгледува, така што крајната форма нема незаконски да го ограничува правото на слобода на изразување“, се вели во писмото.

На 27 септември 2013 година, Кривичниот совет на Основниот суд 1 во Скопје одлучи по петти пат да му го продолжи притворот. Томислав Кежаровски беше уапсен во акцијата Ликвидација, под сомнение дека во текст што ги објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“, наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.