Незадоволни од реформите, наставниците во Мексико нападнале седишта на три партии и ги запалиле просториите на владеачката Револуционерна институционална партија.Засега нема извештаи за повредени.
Повеќе десетици демонстранти со маски на лицата и со метални шипки ги нападнале седиштата на трите партии и на фасадата на една од партиите напишале “Предавници на својот народ”.
Учесниците на протестот потоа се упатиле кон зградата на локалниот Парламент обезбедуван од повеќе од 300 полицајци, а потоа отишле до седиштето на владеачката партија која ја запалиле.
Реформата на образовниот систем во Мексико меѓу другото подразбира и засилена контрола за компетентноста на наставниците а демонстрации во изминатите денови имаше и во сојузните држави Мичоакан и Оахака.