Германската канцеларка Ангела Меркел во одделни телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и Ерменија повика на итен прекин на огнот во Нагорно – Карабах.
„Канцеларката ја потенцираше итноста на итен прекин на огнот и враќање на преговарачката маса“, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет.
Жестоките борби меѓу азербејџанските и ерменските сили во Нагорно Карабах продолжија утрово.
Азербејџан започна нова офанзива само неколку часа пред закажаниот итен состанок на Советот за безбедност на ООН.