Германската канцеларка Ангела Меркел ја осуди употребата на сила врз демонстранти во Украина, изјави нејзиниот портпарол Штефен Зајберт.
Меркел го повика украинскиот претседател Виктор Јанукович да направи се што е можно за заштита на слободата на говорот и правото на мирни демонстрации.
– Проевропските митинзи во Украина се јасна порака. Останува да се надеваме дека претседателот Јанукович ќе ја разбере таа порака, рече портпаролот на Меркел.
Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле изјави дека илјадниците демонстранти во Украина „се впечатлив доказ за поддршка на ЕУ“. – Тоа покажува дека срцата на луѓето во Украина се европски, истакна тој.