Татран го совлада Металург со 27:22 во натпревар од второто коло во групата Ц во ракометната Лига на шампиони.
Словаците овојпат покажаа поголемо трпение, решителност и желба за победа во што на крајот и успеаја да ја остварат за реванш за поразот од македонсккиот вицешампион (27:21) во Скопје пред две недели во рамки на СЕХА лигата. Т
имот од Автокоманда одигра две различни полувремиња попладнево во Прешов.
Првото добро во кое имаше и плус седум гола (2:9) во воведниот дел и второ бледо во кое не маше противигра за разиграните Словаци. Драгаш беше најефикасен играч во составот на Лино Червар со пет гола, Талески постигна четири, Обрадовиќ и Младеновиќ ја „тресеа“ противничката мрежа по трипати.
Металург во првото коло славеше на домашен терен над Елверум (18:17), а во третото го очекува гостување кај Чеховски Медведиво Русија.