Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со локални врнежи од дожд кои повремено ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветар кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 23 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи (над 20 л./м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.