Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност во претпладневните часови, а попладне и во вечерва ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе се искачи до 20 степени, а дневната до 37 степени.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата за 3 до 5 степени, особено во северните делови. Нов влажен бран со пад на температурите насекаде ќе има од петок и за време на викендот.