Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветар од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а дневните од 13 до 23 степени.
Во Скопје и околината, времето ќе биде сончево и потопло со утринска температура до 2 степени, а дневна до 22 степени.
Од УХМР најавуваат дека до петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а температурите преку ден ќе бидат во постојан пораст. Во сабота ќе дојде до зголемување на облачноста и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и во понеделник кога ќе дува засилен северен ветар и ќе има позначително намалување на температурите.