Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови, во северените делови, ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени, а дневните од 28 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој за нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Утринската температура ќе биде до 15 степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
Во среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време.