Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец, а според најавите од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во интервал од 26 до 37 степени, додека УВ индексот ќе достигне 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветар од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.
И во текот на наредните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветар.