Метеорит паднал во Србија два дена пред да падне во рускиот град Чељабинск, тврди Иштван Кома од Апатина, кој вели дека присуствувал на тој настан.
Тој нашол предмет составен од прилепени танки листови, тежок околу 150 грама за кој смета дека е остаток од метеоритот, пренесува Блиц.
Кома раскажува како додека берел дрва во шумата кај Апатина, слушнал на небото силен тресок, кој ги скршил гранките на дрвјата.
-Од силниот звук легнав на земја, помислив дека некој пука. Кога се сталожив приметив дупка во земјата и запалена трева наоколу. Со стап ископав во земјата и го најдов необичниот предмет кој се уште беше топол, раскажува Иштван.
Павле Премовац, професор по геохемија на Природно-математичкиот факултет во Ниш, вели дека е мала веројатноста дека се работи за метеорит, но и тоа дека таа можност не треба да се отфрли без детална анализа.