Вработен во Транзитниот центар Табановце вчера пријавил дека бил физички нападнат од мигрант од Сомалија.
„Вчера во 08.15 часот во СВР Куманово, вработен во Транзитниот центар Табановце пријавил дека бил физички нападнат од мигрантот К.С.(27) од Сомалија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.