Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мигрантите, барокот и крикот на болката

0
By Менче Атанасова Точи on June 16, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ги одобри измените на Законот за азил, но не го спаси образот на оваа држава, на овој народ. По многу месеци голгота мачениците конечно ќе можат да се качат во воз или автобус и како слободни луѓе, достоинствено да поминат низ нашата држава. Верувам дека дури тогаш светот ќе дознае за нашите логори, во кои условите се полоши од затвор, каде 500 луѓе живеат во простор на стара градинка наменета за стотина деца.

Кога синоќа ја погледнав зградата во кој се сметени бегалците, пред себе видов нешто пострашно од затвор, во кој 500 невини души дишат само за еден збор-слобода. Видов луѓе кои преку решетките молеа за помош, додека кордон од полицајци стоеја меѓу нас. Не нарекоа браќа, сестри, ни кажаа дека не се терористи туку луѓе кои од виорот на војната избегале до својата земја, ги напуштиле своите огништа. Меѓу нив има лекари, инжењери, студенти. Спијат на под, во нехумани услови, за јадење добиваат леб и конзерва. Надвор, во дворот немаат право да излегуваат.

Видов очајни луѓе мажи, жени, деца кои преку решетките со подадени раце сакаа толку многу да кажат. Еден од нив, кој знаеше англиски беше нивниот крик, нивниот глас, ние што бевме тука дојдени да разбереме, а светот да дознае дека овие луѓе постојат, зборавени од системот кој ги третира како да не се луѓе. Ние слушавме и плачевме. Не постои бариера, јазик кој ќе спречи да се чуе крикот на болката.

А, премиерот Груевски во неделата кажа дека слушнале различни стории од медиумите, па ако е тоа вистина, како што рече, ќе направеле се за да помогнат. Дали тоа Владата не знае што и се случува во државата, дека луѓе гинат по македонските пруги, по патиштата, умираат по клисурите, дека по 7-8 месеци остануваат во прифатниот центар, или се работи за некој добар виц?

Факт е дека проблемот со бегалците е глобален, дека станува збор за политика на многу повисоко ниво, дека се е во рацете на ЕУ, но Македонија е должна да им овозможи хуман третман, а не да ги држи како сведоци, како затвореници во процесите против кријумчарите кои „испариле“, а правосудните органи не си ја вршат својата работа.

Но, да се вратам на сликата од Центарот за мигранти, слика која нема да ја заборам за цел живот. Стоев таму и се прашував дали е ова вистина, дали е ова мојата држава? Стоевме долго, со очите вперени во тие очајни луѓе кои молеа „Вие сте единствените кои можат да ни помогнат. Извлечете не од овде“.

Тие за првпат слушна за нивните права, бидејќи немало кој да им ги каже. Ја слушав целата комуникација со преставниците на „Протестирам“, го слушав нивниот гласник и ја почувствував целата вистина на извртените вредности на ова општество. И заминав надолу по сокачињата на Гази Баба.

На излезот од Старата скопска чаршија ме пречека џагор од луѓе кои беа дојдени на Баскерфест. Фонтаните светкаа во разни бои, прскаа со вода која за некои семејства е недостижна, други стравуваат дека ќе ја изгубат бидејќи не можат да си ги платат сметките. Рестрикциите за струја пак, секојдневно се најавуваат по разни улици и населби, се разбира не како рестрикции, туку екипите на компанијата работеле на терен.

Преку камениот мост, на плоштадот ја видов новата фонтана. Деца и возрасни лудуваа меѓу млазовите вода, за момент заборавајќи дека дома можеби немаат леб да јадат. Туристи од Кина кои ги носат преку субвенции, се фотографираа покрај спомениците. Во една вечер ги видов сјајот и бедата на оваа држава. Земја која троши за раскошни фонтани, а создава логори за мигранти каде царуваат гладот и заразните болести.

Светот дозна за нашиот раскош, за барокот, но што ли ќе биде кога ќе дознае за мизеријата таму на ридот на Гази Баба. Што ќе биде кога ќе почнат да стигаат тужбите од Судот за човекови права во Стразбур? Зашто цехот ќе го плаќаме сите ние.

Дотогаш, уживајте во музиката на Бах од споменикот на Филип Втори и радувајте се новата фонтана која чини цели 2 и пол милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.