Сер Мик Џегер (78) е позитивен на коронавирус, поради што Ролингстоунс го откажаа вечерашниов концерт во Амстердам.
Бендот, во кој учествуваат и гитаристот Кит Ричардс и Рони Вуд со Стив Џордан на тапани, се на нивната турнеја SIXTY, која се состои од 14 концерти во 10 земји низ Европа.
Во изјавата во име на бендот се вели: „Ролингстоунси беа принудени да го откажат вечерашниот концерт во Амстердам во арената „Јохан Кројф“, откако Мик Џегер пројави симптоми на ковид и доби позитивен тест”.